Sunday, January 4, 2009

Најдобрите вицови со Трпе - 1 дел

Оди Трпе во аптека и бара вијагра.
- Да имаме вијагра, ќе ве молам рецептот!
- Немам рецепт, ама ја носам сликата од жена ми!

Една вечер Трпе и вели на Трпана.
- Жено јас ќе одам на фитнес.
- Оди!
Другата вечер: - Жено ја ќе одам на пливање.
- Оди!
Наредната вечер Трпана му вели:
- Трпе ја ќе одам на јавање!
- Оди, коњот три пати те бараше!

Трпе сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
Здогледал некоја плавуша покрај патот.
- Невесто, рекава длабока е?
- Не!
Тргнал овој низ реката со тракторот и потонал целиот.
- Добро мори жено, нели е плитка водава.
- А бре плитка е прееска на едни шатки до пола им беше!

Трпе шетал со некоја цуца и полицаец го фатил како р'ка на улица и му напишал казна од 50 евра. Трпе мангупски го вади новчаникот:
- Батка еве ти бе 100 евра!
- Ај батка плукни ти уште еднаш, оти немам да ти вратам кусур!

Малиот Трпе бил труп по математика и татко му седнал да му покажува, ама овој ништо не сваќал. По некое време многу се изнервирал:
- Абе ти, глуп си ко ова (чукајќи по масата) - Тато некој чука! - Седи тука јас ќе отворам!
Трпе со кумот Ставре заседнале во некоја кафана. На искачање Ставре се расплакал.
- Што ти стана бе?
- А бе не ми се оди дома, колку и да влегувам тихо жена ми ме сетува и цела ноќ ми се дере и не можам после да заспијам.
- Ееее ја имам друга тактика. Кога влегувам дома ја отварам вратата со нога и се дерам "Женооо доаѓај да те ебам", она се прави дека спие, а јас сум си раат цела ноќ

Трпе го среќава комшијата Ставре, и овој му вели:
- Сакаш секс во тројка?
- Аууу обожавам!
- Епа тогаш трк дома!

После секс Трпе изненаден ја прашува Трпана:
- Мацо ма, ептен си добра, од кај си ги научила овие финтици?
- Од филмчиња!
- Е па и ја гледам фудбал па не играм како Роналдо!?

Трпе имал голем мерак да се јавува по телефон во доцните ноќни часови на непознати особи.
И се јавува на некоја млада девојка:
- Здраво срцка. Имам изненадување за тебе.
Ако погодиш што држам во мојата десна рака, ќе ти покажам малку вистинска акција.
- Слушај бе, батка. Ако можеш да го држиш амо со една рака, не сум заинтересирана!

Гледај бе Трпе што се случува со бензинот, се поскап и поскап е?
- Ми е гајле, ја секогаш си ставам за 500!

Дошла смртта и му тропнала на Трпе на врата:
- Дојдов по твојата душа!
- Ааа веднаш: Трпанооо, душооо, некој те бара!

Трпе, 57-годишен економист и праќа мејл на Трпана од авион:
- Трпано, кога ти ќе го читаш овој мејл, јас ќе бидам со мојата 19-годишна секретарка во Париз, во хотел Риц, во џакузи и ќе пијам ладен шампањ.
Трпана му враќа мејл:
- Слушај Трпе, док си ти у Париз, ја дома ќе бидам со мојот помлад 19-годишен колега, а ти како добар економист можеш лесно да пресметаш дека 19 во 57 влага повеќе пати отколку 57 во 19.

Полицаец го сопира Трпе.
- Господине немате врзано каиш, ќе мора да ве казнам!
- Дечки, кај оди каиш на тренерка!?

Се вози Трпе во автобус и џвака мастика. До него седи бабичичка и му вика:
- Синко, џабе збориш, ништо не слушам!

No comments:

Post a Comment