Thursday, January 8, 2009

Марфиеви закони за љубовта - 5 дел - Марфологија на тријаголникот

Можноста да сретнеш некого кого сакаш да го видиш се зголемува кога си во друштво со некого со кого во никој случај не би сакал да бидеш виден.

Ако се вмешаш меѓу мажот и жената, можеш, навистина, да го изгубиш пријателот, но да ја добиеш неговата жена. Можеш да ги изгубиш и двајцата.

Ако некој ти ја одземен жената, најдобра одмазда ќе биде да му ја препуштиш.

Талисманците кои никогаш не знаеле за прељуба, изумреле.

Неверните имаат грижа на совеста.
Верните се кајат.

Најголемиот доказ за љубов што една жена може да го даде на својот љубовник е никогаш да не му рече: „ Внимавај да не ми го истуткаш фустанот“ .

Брачните окови се толку тешки што често се потребни три личности да ги носат.

Кога сум добра, добра сум, но кога сум лоша, тогаш навистина сум подобра.

No comments:

Post a Comment