Феромони + тонови = феротонови.
Интересно откритие за сите оние што сакаат да го подобрат својот љубовен живот. Својот мобилен телефон може да го претворите во моќно средство за заведување на спротивниот пол.
Како што е познато од биологијата, феромоните се хемиски супстанци што ги излачуваат некои животински видови и луѓето, а предизвикуваат реакција на припадник од истиот вид, обично од спротивниот пол. Од хормоните се разликуваат по тоа што феромоните се произведени во организмот за да предизвикаат реакција во некој друг организам, а не во матичниот.
На пример, феромоните што ги произведуваат женките на некои видови, мажјакот може да ги намириса од многу голема оддалеченост и обратно и на тој начин ги поттикнуваат двојките на потрага и парење.
Од Данска пристигнува едно поинакво откритие - моќни афродизијачки мелодии што се опишуваат како "тајни тонови што ќе ве направат неодоливи за луѓето од спротивниот пол".
Феротоновите ги открила Myra Vanderhood, стручњак за интимни односи. Таа 12 години ја проучувала човечката сексуалност, сексуалната и интерперсонална психологија.
За тоа време, Myra спроведувала научни истражувања за сексуалната пракса на културите ширум светот, при што ги открила и феротоновите.
Интересна работа, но дали функционира?
Тука може да го погледнете "видео доказот" за успешноста на производот, а на страницата може да се најде и сведочење на луѓето кои веќе ги испробале феротоновите.
http://www.pherotones.com
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment