Thursday, January 15, 2009

За што сонуваат палавите девојки?

Мислевте дека машките се перверзни? Очигледно не сте свесни колку широка територија покриваат женските сочни фантазии - од најразлични фетиши, преку секс во тројка, па се до воајеризам или егзибиционизам.

Иако поголемиот број на жени своите фантазии никогаш реално не ги остваруваат, многу од нив се надеваат дека ќе пронајдат маж кој ќе им помогне да остварат барем дел од своите палави соништа.
Помлад маж
Можеби таа има 35 или 40 години, но тоа не значи дека точно така и се чувствува или изгледа. Таа е сеуште заводлива, а притоа и секуално искусна жена која знае дека помладото е и послатко. Фантазира за потентно младо машко кое повторно ќе ја разбуди страста во неа.
Секс со странец
Иако поголемиот дел од жените не би имале храброст да легнат со тотален странец кој случајно би го сретнале на рецепцијата во хотелот, многу од нив сонуваат токму за тоа. Таинствениот мажјак им приоѓа и ги одведува до својата соба, каде им приуштува неочекувано сексуално задоволство. Тој е некој кого не го познаваат и можат потполно да се препуштат на страста - ако никаде реално, барем во фантазијата.

Машка доминација
Ретко која жена не мечтае за идеалниот маж кој ќе ја одведе за рака кон залезот на сонцето. Но, иако сакаат "одржани" и интелектуално способни мажи, поголемиот дел од модерната женска популација, посебно во ерата на метро vs. убер-сексуалците попрво ќе ги одбере оние кои зрачат со куп напалени тестостероснки клетки. Мечтаат за снажен маж кој ќе ги притисне до ѕидот, ќе им го подигне здолништето и жестоко ќе си ја заврши работата. Ваков маж подеднакво им дава можност да си ја искажат својата дива, но и нежна женска страна.
Женска доминација
Многу жени фантазираат да го доведат својот партнер до "врвот", а тој да "плаче за уште". Оваа жена е таа која ги контролира работите и ја води играта. Една од работите кои ги замислува е да е врзана за кревет и да го натера мажот да ја обожава и задоволи орално. Целото сценарио се врти околу контролата. Моќта уште повеќе ќе ја возбуди, а веројатно и мажот нема да има за што да се пожали.
Сака кога некој ја гледа
За разлика од мажите кои во принцип сакаат да гледаат голотија, жените сакаат да замислуваат како некој ги набљудува додека водат љубов - тоа ги возбудува, се чувствуваат поеротично и ги напалува. Често замислуваат дека додека се сексаат со својот партнер некаде во природа, ги пратат погледите на љубопитните случајни минувачи.
Сака да гледа други
Баш како и машките, и тие би сакале да гледаат додека некои други го прават "тоа". Можат дури и да замислат како гледаат некој згоден пар додека има секс преку улица, или како од засолниште следат некој пар додека има секс во локалниот парк.
Menage a trois (тројка) со двајца мажи
Сценариото за двајца машки кои ја обожаваат и притоа сексуално ја задоволуваат, ќе ја напали секоја жена. Нејзината фантазија може да биде "невина" од рангот да би се нашла во ситуација во која таа би имала однос со еден маж, додека орално би го задоволувала другиот, или поинтересно - фантазија во која двајца машки ја задоволуваат неа со пенетрација. Оваа сцена е табу тема за многу жени, па со самото тоа и примамлива за фантазирање.
Menage a trois со маж и жена
Сексот во тројка кој вклучува две жени е се поблизок на злочестите девојки - и хетеро жените од време на време посакуваат да видат како тоа изгледа во групна забава со друга жена. Секси непозната цура, нејзиниот фалусоиден маж - и таа. Фантазијата за секс во тројка е вообичаена и прифатлива за многу луѓе. Но, доколку остане само во мислите, жената е лишена од љубомората за "делење на партнерот".

Стриптизета
Многу жени замислуваат како изведуваат заводнички стриптиз кој нивниот мил партнер би го довел до незамисливо задоволство. Ги опсипува благо осветлување, додека тие во ритам се соблекуваат и му играат во скут. Неговата ерекција, поглед полн со посакување и "ококорени" очи се доказ дека одлично си ја завршиле работата.
Иако е мала шансата за некоја жена да би се впуштила во реализација на нејзините фантазии, некои од нив и не се така неостварливи како што изгледаат. Прашајте ја својата партнерка која од овие фантазии и се чини најпривлечна. Одговорот...може да ве изненади, во најмала рака :)

No comments:

Post a Comment