Thursday, January 15, 2009

- Духовитоста е дрскост која стекнала образование.

- Компромис е спогодба помеѓу двајца во која и двајцата добиваат тоа што не сакаат.
- Сите свои конечни одлуки ги донесуваме во состојба на психата која е моментална.
- Луд е само оној чија лудост не се поклопува со лудоста на мнозинството.
- Животот е тоа што ти се случува додека правиш планови за животот.
- Бирај битки кои се доволно големи за да имаат смисла, но доволно мали за да можеш да победиш.
- Единствената лоша страна на одморот е што по него следи работа.
- Разумен човек се прилагодува на светот околу себе. Неразумниот настојува да го прилагоди светот према себе. Затоа, целиот напредок на човештвото зависи од неразумните.
- Болката го поттикнува човекот да мисли. Мислата го прави помудар. Мудроста го прави животот поднослив.
- Бракот е толку омилен, затоа што ги спојува максималниот број на искушенија со максималниот број на шанси.
- Духовитоста е дрскост која стекнала образование.
- Невозможно е целосно да уживаш во џаболебарење доколу немаш многу работа која треба да биде завршена.

No comments:

Post a Comment