Thursday, January 8, 2009

Најдобрите вицови со Трпе - 3 дел

Лежи Трпана на интензивна, приоѓа докторот до Трпе и му вели:
- Трпана не изгледа баш добро.
- Знам докторе, ама добро готви, и добра е со деца!

На крај од школската година го прашуваат малиот Трпе.
- Абе што направи ти со математиката?
- Кец у кец!

Трпе имал 5 деца и требало да оди во војска.
- Слушај Трпано, немој кога ќе се вратам да видам 6 комада!
- Ма не, не се секирај!
Поминало време, се враќа овој дома, кога гледа 6 деца.
- Аман ма жено, не издржа, се прокурва а!!??
- Како не ти е срам бе, ме остави дома без кафе и шеќер!
- Е што има врска сега кафето?
- Е па дојде кумот Ставре, и со што да го понудам, а?

Малиот Трпе го прашува татка си, што е
разликата помеѓу машките и женските?
- Види сине, гледаш колкави чевли имам?
- Да!
- А гледаш колкави носи мама?
- Да!
- Е па сине, значи разликата е помеѓу нозете!

Малиот Трпе го прашува татка си што е тоа "педер".
Види сине, ќе ти објаснам со еден пример. Јас и комшијата Ставре играме покер. Кој изгуби треба се натрти и другиов да му го свирне. И така ја губам едно 5-6 пати, и си се натртувам, и седмиот пат победив, и тогаш Ставре кажа, "ја више не играм". Е сине тоа ти е педер!

На Трпе почнала да му паѓа косата и набрзо тотално оќелавел. Си седеле еден ден така со Трпана во дневна соба и на Трпе му дошла идеја:
- Трпано, ај ма молим те соблечи се гола и седни ми на глава, баш ме занима да видам како би ми стоеле шишки

Се спремале Трпе и Трпана за онаа работа и на Трпе му дошло ептен мерак да и го стави на Трпана во уво.
- Немој бе Трпе, те молам, па може да оглувам.
- Не се секирај Трпано, штом до сега не онеме, нема ни да оглувиш.

Разговараат две сарми во желудникот на Трпе, кога наишол еден коњак.
По некое време ете ти и втор, па трет.
Сармиве го прашале четвртиот што се случува.
- Еј да знаете каква журка е надвор, лудница, хаос!!!
- Еј супер ај одиме надвор!

Го прашува учителката малиот Трпе.
- Кажи ми Трпе, зошто мајчиното млеко е поубаво од купеното?
- Затоа што има подобра амбалажа, учителке!

Се забавувал Трпе со некоја девојка и после месец дена девојката му рекла:
- Епа миличок, ја мислам дека е време да ме запознаеш со твојата фамилија.
- Нема да може, жена ми е на работа, децата во школо.

Докторот: - Па... имам, една лоша и една многу лоша вест за вас.
Трпе: Во ред, дај кажи ја прво лошата вест.
Докторот: Пристигнаа резултатите од вашиот лабораториски тест и според нив имате уште 24 часа живот.
Трпе: Дваесет и четири часа?! Тоа е ужасно! Па што може да биде полошо од тоа?
Докторот: Па видете, се обидувам да ве добијам по телефон уште од вчера

No comments:

Post a Comment