Monday, January 5, 2009

Машко-женски водич - Објаснување на многу важни поими

Врска - Процес на трошење огромни количества пари,време и енергија со цел за подобро запознавање со некој кој не ви се допаѓа особено,а во иднина веројатно ќе ви се допаѓа уште помалку, а сето тоа заради сексот .

Лесна жена - Термин кој се употребува за опишување жена со морални вредности на маж.

Пријател(ка) - Лице од спротивен пол со некоја очигледна физичка мана,заради која сексот со тоа лице не е интересен, што нормално го прави тоа лице погодно за разговор и заедничко опивање.

Незаинтересираност - Чувство. Најчесто жените го чувствуваат за мажите,коешто мажите го интерпретираат како: „Само се правеше важна,а всушност сака да се намачам додека не дојдам до неа“.

Нимфоманка - Термин кој мажите го користат за да опишат жена која сака секс почесто од нив.

Трезен - Состојба во која е невозможно да се вљуби.

Иритирачка навика - Тоа во што ќе се претвори нечија симпатична навика која на почетокот на врската се опишува како „хемија“ .

Привлечност - Чинот на поврзување на возбудата со некое одредено лице.


Љубов на прв поглед
- Запознавање на двајца силно возбудени луѓе кои не се особено избирливи .

No comments:

Post a Comment