Saturday, January 3, 2009

Марфиеви закони за љубовта - 2 дел - вљубување

ВЉУБУВАЊЕ

1.Никогаш не се вљубувај во некој глас преку телефон.
2.Никогаш не се вљубувај во изгледот на некоја личност од грб.

Никогаш не се вљубувај во некоја личност при светло послабо од она кое ти е потребно за себе да одбереш кошула.

Ако ти се случи да се вљубиш во некоја насмевка , немој да згрешиш па да се ожениш за целата девојка.

Има луѓе кои никогаш не би се вљубиле да не слушнале како се зборува за љубовта.

Да се биде вљубен значи неизмерно да се преувеличува разликата меѓу една личност и друга.

Пецни го вљубениот и си стекнал непријател.

Секој маж е наполу вљубен во жената која токму сега го слуша.

Ако си недоделкана и полна со огорченост , ако ги малтретираш чесните луѓе , ако светот за тебе е обично ѓубре , ако самата себеси ни најмалку не си се допаѓаш , ако и самата помисла на некој маж ти предизвикува мачнина , значи дека токму сега повторно се вљубуваш.

Во вистинската љубов како ни во ревматизмот не веруваме , се до првиот напад.

Окако ќе кажеш „ ДА “ , ништо повеќе не е исто како порано.

Љубовта со најдолг век е онаа невозвратената.

Љубовта е еднонасочна улица.

Љубовта и јајцето се подобри додека се свежи.

Во љубовта е потребно трипати длабоко да се вдише и трипати добро да се промисли , па дури тогаш да се направи глупоста која од почетокот сме имале намера да на направиме.

No comments:

Post a Comment