Според буквалното значење петинг значи емоционално удиранње,галење,триење на кожата-крзното на животно, чешкање на ушите,на стомачето итн. Вообичаено се однесува на човечко суштество кон животно или пак друго човечко суштество.
Кога сме веќе кај луѓето..
Повеќето петингот го дефинираат како имитација на сексуален однос од причина што не доаѓа до контакт на машкиот и женскиот полов орган. Петингот подразбира триење на телото на едниот партнер од телото на другиот за да се предизвика задоволство и кај двајцата.
Вообичаено, двајцата партнери се целосно или делумно облечени. И тогаш доаѓа до контакт меѓу гениталиите на двајцата, но во овој случај преку облека. Неретко, и петингот резултира со постигнат оргазам. Се случува за време на петинг двајцата да се голи, но разликата меѓу петинг и вистински сексуален однос се состои во тоа што недостига пенетрација за време на петингот. Тоа значи дека во телото кај било кој од партнерите не влегуваат прсти или било кој друг предмет, или дел од телото.
Петингот се нарекува „сув секс“ (dry sex) бидејќи не доаѓа до разменување на телесни течности, ниту до директен контакт на гениталиите, со што значително се намалува можноста да се добие некоја полова болест или партнерката да остане бремена.
Со тоа што петингот овозможува сексуално задоволство и оргазам, дефинитивно е еден вид сексуален однос. Секако, влегувате со значително помал ризик отколку кога е вистински однос во прашање.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment