Sunday, January 11, 2009

Кога жените лажат

Нема да се налутам доколку ми кажеш дека изгледам дебела".
Да речеме дека постојат такви жени, но верувајте, не се повеќе од десет на планетава. Останатите, во секој случај ќе почуствуваат наредено и омаловажено. Дури и кога навистина се дебели и кога се свесни за тоа, ним многу тешко им паѓаат тие зборови, особено ако се упатени од партнерот.
Едноставно, жените не сакаат да чујат дека се дебели.

"Ти навистина си идеален и нема ништо што јас кај тебе би променила".
Жената која го изјавила ова, или само што се вљубила или лаже. Никој не е совршен. Мал е бројот на жените кои успеале да го прифатат својот партнер онаков каков што е, останатите до крајот на животот ќе се обидуваат да го променат својот партнер или барем ќе се надеваат дека сам ќе се промени.

"Многу сакам да излегуваме со твоите другари".
Понекогаш, многу, многу ретко жените навистина го мислат тоа. Најчесто тоа е лага - добронамерна, бидејќи жената сфаќа дека нејзиниот партнер сака да излезе со своите пријатели и да го одржи пријателството, па таа ги задоволува неговите желби.

"Не ми е тешко да чистам зад тебе".
Ова сигурно е лага. Ниедна нормална жена не сака на својот партнер да му изигрува "измеќарка" и цело време да оди зад него и да му ги собира нечистотиите. Според женското мислење, не постои причина поради која мажите не би можеле да си ги измијат чиниите откако ќе се најадат, да ги стават во машина за перење валканите алишта или да си го наместат креветот после спиење.
И покрај тоа што во овие краеви жената е воспитувана да го чисти својот сопруг, се помалку и помалку се оние кои сакаат и го прават тоа.

"Ја обожавам твојата фамилија" - исто колку што ја сака нејзината.
Во голем број случаи, партнерите се гледаат со родителите (неговите или нејзините), но ниту еден од нив нема да биде воодушевен од таквите посети.

"Не ми пречи кога на улица гледаш по други жени" - тоа сигурно е лага.
Дури и кога е сигурна во својот партнер, на жената и пречи таквото "зјапање" по улица. Таа се чувствува многу несигурно во такви ситуации.

"Не ми е важно колку пари имаш".
Што мислите, постојат такви жени? Ако постојат, тоа се жени кои се или премногу слепо вљубени или имаат сопствени пари и покритие за таквото мислење.

"Не грижи се душо, тоа може секому да му се случи" - многу честа лага. Жената треба да е навистина зрела за да го каже тоа, во најголем број случаи се работи за лага со која таа се обидува да не го повреди неговото его.

"Во право си".
Жените главно сметаат дека се секогаш во право. Кога ќе кажат дека партнерот е во право, лажат - тоа го прават само за да спречат некоја поголема караница.

No comments:

Post a Comment