Потрагата по оргазмот кај жените често завршува неуспешно. Иако на филмовите се доживува за три секунди, во реалноста е малку поинаку, но тоа не значи дека сексот без оргазам мора да биде лош.
Бидејќи вагинален оргазам не доживуваат сите жени, сеуште има примамливи опции. Ова значи дека треба да се слушаат потребите и желбите на телото и да и се препуштите на страста, а тогаш ќе дојде и оргазмот, без разлика дали вагинален или клиторален.
Вагиналниот оргазам е подобар од клиторалниот
Ова не мора да е точно, бидејќи и двата се подеднакво добри и задоволувачки. Единствената причина поради која вагиналниот оргазам се смета за врв на екстазата е тоа што е многу потешко да се постигне. Се смета дека успеваат да го доживеат само 25% од жените.
Но, иако клиторалниот оргазам е полесно да се постигне, може да предизвика вистински потрес, па на некои жени им е и поомилен.
Жените не можат да ејакулираат
Жените дефинитивно можат да ејакулираат, а некои дури повеќе и од мажите. Нивната ејакулација најлесно се постигнува со стимулирање на Г-точката.
На жените им е потребен вешт и искусен партнер за да свршат
Многу мажи се фалат со своите љубовни способности и талентот дека секогаш можат да им подарат оргазам на своите партнерки, но за ова сепак најзаслужни се самите жени. Машкиот труд е пожелен, но доколку жената не доживува оргазам, тогаш може да се обвини само себе.
За да уживаат во сексот, жените мораат да доживеат оргазам
Сексот може да биде одличени без обзир на тоа дали жената ќе доживее оргазам, а на многумина самата предигра им е подрага и од самиот секс и оргазмот. Едноставно, размената на страстни бакнежи и допири им пружа повеќе задоволство од акцијата како во порничите.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment