Sunday, January 11, 2009

Црти на лице

Се што се наоѓа на вашето лице зборува за вас и повеќе од што можете да претпоставите. Исто е и кај жените. Ако сакате да имате претстава со каква жена си имате работа, доволно е да ги прочитате цртите на нејзиното лице.
Ако веѓите и се кренати нагоре, таа е доста активна, динамична, често нестрплива и лесно паѓа на провокација. Доколку се спуштени надолу, таа е доста емотивна, нежна, стрплива, добар е пријател и добро се вклопува во друштво. Задолжително обрнете внимание и на очите.
Личност со крупни очи е љубезна и брзо ќе ви открие каква е, што сака и што не сака. Луѓето со ситни очи имаат исклучителна моќ за запазување и подобра концентрација, способни се да “скенираат” со поглед и да проникнат во скриен дел од некоја личност.
Кога е во прашање носот, оној кој е широк или малку поголем укажува на страстна и доста емотивна личност. Лесно може да се расплаче додека гледа сентиментални филмови или слуша тажни приказни. Цврсто стои на земја, но одлуките ги носи повеќе со срцето отколку со разумот.
Мал и издолжен нос означува аналитички дух и исклучителна рационалност при донесување одлуки.
Полни образи укажуваат на искрена личност и веднаш покажуваат дали некој им е симпатичен или не.
Вдлабнати образи ги има личност која ги крие емоциите, некој кој е разумен и не секогаш срдечен.
Полни усни кај девојките укажуваат на опуштеност – таа сака да ужива во разни задоволства. Тенки усни имаат многу сериозни личности на кои работата им е најважна во животот.

No comments:

Post a Comment